Доцна синоќа Би-Би-Си извести дека 1.500 американски војници ќе бидат распоредени на јужната граница на САД со Мексико, каде што ќе помогнат да се постават бариери, но нема да бидат вклучени во „спроведувањето на законот“. Тоа е дел од планот на Доналд Трамп против миграцијата.
Сега има ажурирање на таа бројка, пишува британскиот медиум.
„Со внатрешен владин меморандум, виден од американскиот партнер на Би-Би-Си, Си-Би-Ес Њуз, сугерира дека всушност може да бидат распоредени до 10.000 војници. Меморандумот за царина и гранична заштита е датиран на 21 јануари, еден ден по инаугурацијата на Трамп, и покажува план за испраќање „10.000 војници“ за да ѝ помогнат на агенцијата“.
Првичното засилување од 1.500 војници, кои ќе бидат испратени во Сан Диего во Калифорнија и Ел Пасо во Тексас, ќе им се придружи на 2.500 војници кои се веќе стационирани на границата.
Според Би-Би-Суи, меморандумот, исто така, вели дека базите на американското Министерство за одбрана може да се користат како „објекти за задржување“ на мигрантите кои чекаат да бидат депортирани.
Неколку часа откако положи заклетва како претседател, Трамп прогласи национална вонредна состојба на границата со Мексико, велејќи дека „суверенитетот на Америка е нападнат“. Имиграцијата беше клучното предизборно ветување на Трамп, тој постојано вети дека ќе ја запечати границата и ќе го зголеми спроведувањето.