Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити е во посета на Соединетите Американски Држави, каде ќе учествува на традиционалниот настан „Молитвениот појадок”, кој се организира под покровителство на американскиот претседател, Доналд Трамп.
– Ова е еден од најважните настани во годината во Вашингтон, каде што присуствуваат политички лидери, претставници на меѓународни институции и влијателни личности од целиот свет. Присуството на Меџити на овој настан е дел од неговите чести посети во САД, што потврдува неговата посветеност за зајакнување на односите со најважниот стратешки партнер на Северна Македонија – велат од партијата Демократско движење.
Неговата посета во Вашингтон за „Молитвениот појадок”, како што соопштија од партијата, се очекува да биде искористена и за средби со претставници на американската администрација и членови на Конгресот, со цел зајакнување на соработката помеѓу двете земји во различни области.