Првиот човек на НАТО му рекол на Зеленски да најде начин за да ги среди односите со САД

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска за Би-Би-Си изјави дека судирот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа е „несреќен“ и дека двајцата лидери треба да работат на корекција на нивните односи.

– Разговарав со претседателот Зеленски двапати по телефон. Му реков ова: мораме да останеме заедно – САД, Украина и Европа – за да ја доведеме Украина до траен мир – рече Руте.

На прашањето што му рекол Зеленски за средбата со Трамп, Руте одговори дека не може да ги открие деталите од разговорот, но нагласи: „Она што му го кажав јасно е дека навистина мораме да го почитуваме она што претседателот Трамп досега го направи за Украина“, мислејќи на напредните противтенковски системи што САД претходно му ги доставија на Киев.

Руте нагласи дека Украина немало да биде „никаде“ без американската поддршка. „Му реков: Навистина треба да му оддадеме признание на Трамп за она што го направи тогаш, за она што Америка го направи оттогаш и она што Америка сè уште го прави“.

Тој, исто така, инсистираше на тоа дека Трамп е посветен на обезбедување траен мир во Украина, но очекува поголеми трошоци за одбрана од европските членки на НАТО и од Канада

– Слушајте, разговарав со Доналд Трамп половина час во четвртокот. Ние сме пријатели. Работевме заедно со години. Знам дека тој е посветен да ја доведе Украина до траен мир. Тој е посветен на НАТО. Се разбира, тој очекува европските сојузници во НАТО и Канада да инвестираат повеќе и да го зголемат производството на оружје. И тој е во право за тоа – истакна Руте.

Тој е апсолутно убеден дека САД сакаат да ја доведат Украина до траен мир и уверува дека ова му го кажале сите високи претставници на американската администрација.

– Но, она што е клучно е сите да соработуваме во овој процес. Исто така, важно е претседателот Зеленски да најде начин да ги обнови односите со американскиот претседател и највисоките функционери во Вашингтон – рече тој.

Руте рече дека утре ќе се одржи важен состанок во Лондон на кој ќе присуствува и украинскиот претседател.

- Advertisement -
Ad image

– Кога ќе се постигне мировен договор, од клучно значење е – и мислам дека тоа ќе биде јасно по утрешниот состанок – дека многу европски земји се подготвени да дадат безбедносни гаранции за Украина и да се погрижат овој мировен договор да биде издржлив и Русите никогаш повеќе да не го доведуваат во прашање –  заклучи Руте.

Share This Article