Минибус со патници падна во Дунав откако се судри со друг автомобил на вијадуктот во Иловица во западна Романија, пренесуваат локални медиуми.
– Засега немаме потврда за бројот на луѓе во минибусот. Можно е да станува збор само за возачот и уште едно лице, но сè уште ја третираме ситуацијата како да има уште луѓе под вода – објасни Раед Арафат од Одделот за вонредни ситуации.
Патниот сообраќај е целосно блокиран на вијадуктот до крајот на спасувачката операција.
– Минибусот воопшто не е видлив, немаме информации за бројот на луѓе, спасувачките сили пристигнаа таму, но потребен е целосен тим нуркачи – изјави Арафат за Диги24.
Нуркачи од Крајова и Караш-Северин беа мобилизирани, а хеликоптерот на „SMURD“ беше пренасочен за што поскоро да го транспортира нуркачкиот тим до местото на несреќата.
– Мисијата е многу тешка со оглед на матниот Дунав – додаде Арафат и процени дека шансите за преживување се многу мали по неколку минути во студената вода.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
