Background

Прва средба на Муцунски со бугарскиот колега Георгиев

Бугарија треба да ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ, му рекол министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на бугарскиот колега Георг Георгиев, а Георгиев, пак, рекол дека вклучувањето на Бугарија во Уставот е само првиот чекор.

Двајцата министри  денеска ја остварија првата средба на маргините на Минхенската безбедносна конференција.

„На средбата се разговараше за поголем број теми, вклучувајќи ги билатералните разлики, блокадата на европскиот пат на државата од страна на Бугарија, како и за положбата на македонското малцинство во Бугарија. Министерот Муцунски изрази жалење што, наместо развој на добрососедската политика, односите меѓу двете земји остануваат оптоварени со билатерални спорови, кои станаа непринципиелна пречка на македонскиот евроинтегративен процес“, соопштија од кабинетот на министерот.

- Advertisement -
Ad image

Притоа, се додава во соопштението, Муцунски истакна дека сите отворени прашања треба да се решаваат одговорно, преку дијалог и со взаемна почит и разбирање, бидејќи добрососедските односи, покрај другото, подразбираат и поддршка за европските интеграции на Македонија, како стратешка определба на државата.

„Министерот Муцунски на средбата го отвори и прашањето за почитување на правата и слободите на припадниците на македонското малцинство во Бугарија и ја нагласи потребата од спроведување на одлуките на Европскиот суд за човекови права“, се вели во соопштението од кабинетот на Муцунски.

Бугарскиот министер Георг Георгиев истакнал дека добрососедските односи се хоризонтален критериум во процесот на евроинтеграциите и без нив не е возможно да се постигне членство во ЕУ. Градењето добрососедство бара доверба, отворен дијалог, предвидливост и спроведување на обврските, рекол тој, соопшти бугарското МНР.

„Ставот на Бугарија во однос на европската интеграција на Македонија е јасен и конзистентен. Европскиот компромис од 2022 година вклучува комплекс на мерки и нивното целосно спроведување е единствениот пат напред. Вклучувањето на Бугарите, на рамноправна основа со другите народи, во Уставот на Република Северна Македонија е само првиот чекор, чие спроведување ќе му овозможи на Скопје да ги започне преговорите за членство. Георгиев беше категоричен дека не е можно повторно преговарање или заобиколување на постигнатите договори зад кои стои цела ЕУ“, соопшти МНР на Бугарија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation