Бизнисменот Кочо Анѓушев му донираше концертен клавир на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а настанот беше одбележан со концерт во Македонската опера и балет, каде на инструментот, кој е од реномиран австриски бренд FEURICH, прв концертираше маестро Симон Трпчевски.
– Кога слушнав дека Факултетот за музичка уметност последен пат имал нови пијана пред 50 години, таа информација многу ме замисли. За жал, нашата земја никогаш не била доволно богата да може да си дозволи да инвестира во уметноста толку колку што навистина треба и заслужува, вклучително и во образованието на нашите уметници. Решив да купам концертен клавир од мене лично и да го подарам на Музичката академија. И јас сум професор и знам што ќе значи тоа за студентите и за академијата’- изјави Анѓушев.
Донацијата беше промовирана со настан во Македонската опера и балет, организиран од амбасадорот на Австрија, Мартин Памер, a во присуство на претседателката Гордана Сиљановска Давкова и на министерот за култура Зоран Љутков.
Проф. д-р Анѓушев и компаниите БРАКО и ФЕРОИНВЕСТ досега имаат донирано во образование, здравство, спорт, проекти за општинска инфраструктура и во верски објекти.

Tagged as:
Прв концертираше маестро Симон Трпчевски
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
