2024 година беше извонредна година за Opel во многу аспекти. Брендот прослави 125 години од производството на автомобили Opel и стана првиот германски производител кој понуди барем една електрична верзија за секој модел.
Во изминатите 12 месеци, својата премиера ја прославија новите модели како што е целосно електричниот Opel Grandland SUV, кој директно ја освои реномираната награда „златен управувач 2024“.
Corsa најпопуларниот мал автомобил во Германија и Astra од компактната класа, покажаа колку се привлечни најпродаваните модели на Opel за клиентите и за експертите, освојувајќи бројни меѓународни награди.
Новите Vivaro HYDROGEN и Movano HYDROGEN лесни комерцијални возила импресионираат со иновативните технологии за возење.
Ова се само неколку истакнати награди од долгата листа на награди освоени во 2024 година.
Воведувањето на ChatGPT во голем број патнички и комерцијални возила исто така нагласува како Opel ги прави врвните технологии достапни за секого. Ова неодамна беше наградено од меѓународното жири AUTOBEST со наградата „SMARTBEST 2025“.