Background

Протестот во Ниш наречен „Студентски едикт“ влегува во шестиот час, а десетици илјади луѓе и натаму се собрани на повеќе улици во поширокиот центар на градот

Протестот во Ниш наречен „Студентски едикт“ влегува во шестиот час, а десетици илјади луѓе и натаму се собрани на повеќе улици во поширокиот центар на градот.

Како што претходно јавија српските медиуми, се очекува протестот да заврши во три часот по полноќ.

На плоштадот „Крал Милан“ во центарот на градот има голем транспарент на кој пишува „Генерален штрајк“.

- Advertisement -
Ad image

Протестот се одржува на повик на студентите, а ги поддржуваат и моторџии, земјоделци, уметници и спортисти, а за насобраните во паркот кај Правниот факултет се подготвува храна и се дели бесплатно.

Студентите на плоштадот „Крал Милан“ им оддадоа почит за 15 жртви при падот на настрешницата на Железничката станица на 1 ноември во Нови Сад. Меѓу загинатите е и македонскиот државјанин Васко Саздовски.

Студентите, исто така, делат летоци со повик за голем собир во Белград на 15-ти март.

Студентите во Србија почнаа со протести и блокади и бараат објавување на целосна документација за реконструкција на Железничката станица во Нови Сад; отфрлање на обвиненијата против студентите и младите уапсени и приведени за време на протестите поради уривањето на настрешница на Железничката станица во Нови Сад; поднесување кривични пријави против напаѓачи на студенти и професори и нивно гонење и зголемување на средствата од српскиот буџет за материјални трошоци на државните високообразовни институции за 20 отсто.

EPA-EFE/DJORDJE SAVIC

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation