Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека протестите во Лос Анџелес поради имиграциската политика укажуваат дека САД се во длабока внатрешна криза.
– Го цитирам актуелниот американскиот претседател: САД се наоѓаат во најдлабока криза – наведе Захарова.
Таа за радио „Спутник“ наведе дека протестите и масовните немири се исклучиво внатрешен проблем на САД, а не резултат на надворешно мешање.