Пронајдено е телото на Ивона Савиќевиќ(42), подгоричанката која исчезна пред три дена. Последен пат била видена во областа Штек, по што ѝ се губи секаква трага. Според првите податоци, полицијата претпоставува дека се работи за самоубиство, но тоа ќе се знае по сите анализи и вештачења, јавуваат регионалните медиуми.
Семејството пред три дена го пријавило нејзиното исчезнување во полиција.
Кога исчезнала на 13 јануари, Ивона управувала автомобил опел „антара“ во металик сина боја, соопштиле од полицијата.
Во потрагата по нејзе беа вклучени и хеликоптери.