Затворската управа на „Идризово“ синоќа пријавила во СВР Скопје дека при претрес по влез на осудениците Н.А., Х.A., Л.И. и Ј.П. биле пронајдени пари и мобилни телефони.
Како што информира Mинистерството за внатрешни работи (МВР), при извршен преглед во возилото со кое пристигнале овие осуденици, биле пронајдени марихуана и мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.