Background

Пронајдени се делови од кабината на авионот кој се урна во Велика Планина во Словенија

Пронајдени се делови од кабината на авионот кој се урна во Велика Планина во Словенија, јавува 24ур. Спасувачите имале потешкотии да продрат до леталото кое се срушило во планинска куќичка. Временските услови ја отежнале работата на службите до подоцна кога поради подобрување во потрагата се вклучил хеликоптер, пренесува хрватски Нет.

Како што објаснија вчера пожарникарите од пожарникарската единица Камнишка Бистрица, куќата била преполовена, а една од екипитe најпрвин пронашла авионско крило и тркало внатре. Откако ја пребарале околината, не нашле други останки, поради што претресот го пренасочиле кон куќата.

Тие проценуваат дека целото летало е внатре во куќата.

- Advertisement -
Ad image

Потрагата траела цела ноќ, а дека делови од исчезнатиот авион се пронајдени потврди љубљанската полиција. Авионот кој полета близу Загреб и бил на лет кон Швајцарија удрил во куќичка сопственост на Машинскиот факултет во Љубљана.

Ирфан Бегановиќ од Секторот за криминалистичка полиција на полициската управа Љубљана потврди дека, според засега познатите информации, во несреќата учествувало едно лице – пилотот на урнатиот авион. Идентитетот на пилотот не е познат.

– Поради екстремно лошите временски услови, кои дополнително се влошија за време на спасувањето, потрагата со хеликоптер беше невозможна – рече тој.

Тој додаде дека во близина на дрвената конструкција биле пронајдени делови за кои се верува дека припаѓаат на исчезнатиот авион.

– Врз основа на досега достапните информации, можно е да се заклучи дека пилотската кабина би можела да биде внатре во самата зграда или во нејзиниот подрум – објасни тој.

Хрватските медиуми вчера го објавија последниот разговор меѓу пилотот и контролата на летање пред несреќата.

Неофицијално, спасувачите успеале да го пронајдат телото на пилотот во попладневните часови.

Влезот во куќичката засега не е можен бидејќи таа може да се сруши во секој момент. Полицајците користат хеликоптери за да ги извадат дрвените потпорни столбови од куќичката.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation