Топ Вести - Слушај сега
Битола – Во галеријата „Ранко Струмениковски” во Битола на 12 декември 2025 година беше промовирана најновата поетска книга на Лили Бошевска, „Визуелни елоквенции”, во издание на „Матица македонска”.
Станува збор за оригинален книжевно-ликовен проект во кој секоја песна е во дијалог со дело од ликовната уметност. Книгата вклучува дела на истакнати ликовни уметници од Македонија и од светот, меѓу кои Сергеј Андреевски, Владо Ѓорески, Никола Пијанманов, Валерија Бертесина од Италија, Виктор Мануел Хернандез Кастиљо од Мексико, Деница Јанева од Бугарија, Снежана Кезеле од Србија и Лукаш Богдан од Полска.
Со овој концепт, делото на Бошевска експлицитно го поттикнува дијалогот на поезијата со некнижевните форми на уметнички израз, покажувајќи како различните уметности можат да се дополнуваат.
На промоцијата свои осврти изнесоа поетесата Милица Радевска-Димитријовска како претставник на издавачот, рецензентот Добре Тодоровски, Гордана Петров-Такец и галеристот Драган Ристевски. Поезијата ја читаа Климент Ристески, Теодора Кулевска и Рамадан Рустемов.
Песните се поделени во осум циклуси, а како носечко мото на книгата се издвојува мислата на Владислав Штемински: „Во уметноста, како и во љубовта, човек може да го даде само она што го има.”
Според уредникот и издавач Раде Силјан, поезијата се одликува со силни интертекстуални и хипертекстуални врски со филозофијата, историјата на книжевноста и митологијата. Книгата се издвојува со автентичноста на стилот на Бошевска, која ја претставува како поетеса-ерудит и промислувач, а преку синтезата на архаичното, колективното, индивидуалното и најсовременото, успева да дојде до поетски одговори на веничните прашања за човекот, творецот и уметникот.
Автор на корицата е уметникот Владо Ѓорески.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
