Background

Прометот во малопродажбата во Македонија бележи сериозен раст – особено кај трговијата со храна, пијалаци и тутун

Прометот во малопродажбата во Македонија бележи сериозен раст – особено кај трговијата со храна, пијалаци и тутун, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според официјалните податоци, во јуни 2025 година, во споредба со истиот месец лани, реалната стапка на прометот во оваа категорија е зголемена за 22,5%, додека номиналниот пораст изнесува дури 31,5%.

Податоците покажуваат дека растот не е ограничен само на прехранбени производи. Во категоријата непрехранбени продукти (освен гориво), реалниот раст е 5,2%, а номиналниот 9,2%. И воопшто, во сите групи (освен трговијата со горива), реалната стапка на пораст е 13,9%, а номиналната 20,4%.

- Advertisement -
Ad image

Значаен раст е забележан и во трговијата со автомобилски горива, каде реалниот пораст е 8,3%, а номиналниот минимален – само 0,7%, што упатува на стабилизација на цените на горивата, но и на зголемена потрошувачка.

Овие бројки сигнализираат позитивен тренд во потрошувачката, што може да се толкува како знак на зголемена економска активност и доверба кај потрошувачите. Во период кога многу европски економии бележат стагнација, Македонија регистрира стабилен раст на малопродажниот промет, особено кај основните прехранбени производи.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation