Производителите на автомобили од ЕУ се на работ на запирање на производствените линии, предупреди индустријата, бидејќи кризата околу снабдувањето со кинески чипови се влошува

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Slovenija, Koper, 19.11.2012, 19. November 2012 Novi avti znamke Volkswagen stoji na parkiriscu Luke Koper, ilustracija,avtomobilizem Foto: Srdjan Zivulovic /BOBO
- Advertisement -
Ad image

Производителите на автомобили од ЕУ се на работ на запирање на производствените линии, предупреди индустријата, бидејќи кризата околу снабдувањето со кинески чипови се влошува.

Проблемите во индустријата настанаа откако Кина го забрани извозот на чипови Nexperia како одговор на одлуката на холандската влада да ја преземе компанијата со седиште во Холандија на 30 септември и го суспендира нејзиниот кинески извршен директор.

Европското здружение на производители на автомобили (ACEA) издаде предупредување, велејќи дека нејзините членови, меѓу кои се Фолксваген, Фиат, Пежо и БМВ, сега работат со „резервни залихи, но залихите се намалуваат“.

-Ги повикуваме сите вклучени страни да ги удвојат своите напори за да најдат дипломатско решение за оваа критична ситуација. Индустријата во моментов работи со резервни залихи, но залихите брзо се намалуваат. Врз основа на анкета меѓу нашите членови, некои веќе очекуваат производствените линии да престанат – рече извршната директорка на ACEA, Сигрид де Врис.

Де Врис рече дека, иако постојат алтернативни добавувачи на чипови, може да бидат потребни „месеци за да се изгради дополнителен капацитет“. Таа додаде дека „индустријата нема толку многу време пред да се почувствуваат најлошите ефекти од овој недостаток“.

И првите луѓе на компаниите од секторот се жалат дека залихите им се при крај.

-Мерцедес сега бара алтернативни извори на клучни полупроводници на глобално ниво – изајви извршниот директор на компанијата Оле Калениус.

Недостатокот на чипови предизвикува проблеми и во Јапонија, каде што главниот директор за перформанси на Нисан, Гијом Картие, изјави дека компанијата е „добро до првата недела од ноември“ во однос на снабдувањето.

Минатата недела, автомобилските компании во Велика Британија, ЕУ и Јапонија, вклучувајќи брендови како што се Волво, Фолсфаген, Хонд и Нисан, изјавија дека забраната за извоз на чипови Nexperia од фабриките во Кина би можела да ги запре нивните производствени линии.

- Advertisement -
Ad image

Забраната за чипови Nexperia е удар за европскиот автомобилски сектор, кој веќе е погоден од одлуката на кинескиот претседател Си Џинпинг повторно да воведе контрола врз извозот на ретки минерали како дел од ескалацијата на трговските тензии со САД.

Делегација на високо ниво од Пекинг денеска треба да пристигне во Брисел на разговори, но постојат стравувања дека дипломатските алатки што ги користи ЕУ во последните месеци не се толку ефикасни како строгиот пристап што го користат САД и Кина.

Share This Article