Производите кои доаѓаат од Кина ќе подлежат на царини од најмалку 145 отсто

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Производите кои доаѓаат од Кина ќе подлежат на царини од најмалку 145 отсто, појасни денеска Белата куќа.

Царината од 125 долари што претседателот Трамп вчера ја најави како реципрочна, доаѓа како надоврзување на постоечките 20 отсто.

Вчера беше нејасно дали тие царини се собираат, за Белата куќа денеска да го потврди тоа, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Трамп ја поврза царината од 20 отсто со нелегална имиграција и дотур на фентанил во САД, за што ја обвини Кина дека има улога.

Покрај тоа, американскиот претседател ја зголеми царината на стоките од Кина чија вредност е помала од 800 долари на 120 отсто, мерка што ќе стапи на сила од 2 мај.

Вчера Трамп ги паузираше повеќето од своите глобални царини, воведувајќи стандардна стапка од 10 отсто на увозот од речиси сите земји.

Кина и возврати на Америка со тарифна противмерка од 84 проценти.

Share This Article