Продолжува блокадата пред државната телевизија на Србија. Дел од вработените се обидоа да влезат во зградата, но, како што велат објавите на социјалните мрежи, се откажале по убедувањето и аплаузот.
Наместо утринската програма, утрово РТС го емитуваше филмот „Егзодус: Богови и кралеви“. Вестите беа емитувани час порано, но без водител и со однапред подготвени прилози.