Продолжува судењето за злоупотреби во Онкологија

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Судот го продолжи притворот на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за нови 30 дена, изјави бранителот на Нино Васев, адвокат Боби Спирковски, по денешното судење за случајот „Онкологија 2“, најавувајќи жалба на Апелација.

Апелација, нагласи Спирковски, е таа што треба да го реши овој случај, бидејќи Апелација и го одреди притворот, потсетувајќи дека првостепениот суд првично го одбил предлогот на Обвинителство за определување притвор и изрекол куќен притвор, сметајќи дека тоа е доволно да обезбеди присуство на Васев на судењата, но тоа по жалбата од Обвинителството Апелација го преиначила.

– Во жалбата тие ставија едноставно две реченици во кои што се сомневаат дека од куќен притвор Васев може да избега и со личната карта, да отиде на граница и да избега од државата. Ве молам, второто дека може и без лична карта да избега преку некаков див граничен премин и третото е дека, и ако тоа не го направи, дека може да се скрие некаде на територијата на Македонија. Па тоа не се правни аргументи, тоа се аргументи за лаици кои што не познаваат право. Тие аргументи Апелација тогаш ги усвои и одреди притвор. Тие аргументи не се аргументи, се надевам дека пак се враќаме на тоа дека решаваа под огромен притисок и без да водат сметка за правните аргументи донесоа таква одлука. Се надевам дека сега е тоа време да се поправи, изјави Спирковски.

На денешното рочиште пред Судот беа сослушани сведоци кои се поранешни членови на Управниот одбор на Клиниката во периодот додека директори биле сега обвинетите Нино Васев и Нехат Нухи.

Спирковски, во однос на нивното сослушување, рече дека сведоците во овој предмет се непотребни и дека за злоупотреба на службена положба и за економски криминал компететнтни се вешти лица.

Share This Article