Продолжува средбата на Мешовитата историска комисија во Скопје

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во Скопје денеска продолжува средбата на Заедничката комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија. Теми на разговор се учебниците за 7 одделение во земјава, како и можноста за заедничко чествување на Гоце Делчев.

– Ќе разговараме за учебниците за 7 одделение во Република Северна Македонија и за можноста за заедничко чествување на Гоце Делчев – изјави вчера претседателот на бугарскиот дел од Комисијата Ангел ДиДмитров.

Новиот состав на македонскиот тим од заедничката комисија беше избран од Владата на 10 септември 2024 година.
Претседател на македонскиот тим во заедничката комисија е Ванчо Ѓорѓиев, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, а покрај Митко Панов, членови во Комисијата се и Александар Литовски, Никола Минов, Сашо Додевски, Бесник Емини и Димитар Љоровски.

Претседателот Ванчо Ѓорѓиев порано беше член на Комисијата, но ја напушти во 2021 година. Одлуката да се повлече од Комисијата, како што изјави тогаш, е бидејќи се соочил со политички притисоци во нејзината работа.

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања беше формирана како резултат на Договорот за добрососедство меѓу Северна Македонија и Бугарија потпишан на 1 август 2017 година.

Досега комисијата усвои препораки за заедничко чествување на пет историски личности – Светите браќа Кирил и Методиј, Св. Наум Охридски, Св. Климент Охридски и Цар Самоил и по пет препораки за измени во учебниците по историја за шесто оделение во Македонија и за пети клас во Бугарија.

Share This Article