Продолжува да игра „Замисли нов свет“

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

По исклучително успешните две премиерни изведби, претставата „Замисли нов свет“ го привлече вниманието на јавноста и доби исклучително позитивни рецензии како од посетителите, така и од критичката фела во земјата. Сосем очекувано, таа ќе продолжи да биде дел од редовниот репертоар на МНТ и во новата 2025 година, почнувајќи од 17 јануари, и со веќе закажани изведби на 13.02, 21.03 и 26.04.

Претставата „Замисли нов свет“ е работена како колаж од делата на македонскиот драматург Горан Стефановски, со мотиви позајмени од неговите драми, но и од неговите размислувања надвор од театарот. Се работи за проект инициран од Македонски Телеком, во партнерство со МНТ и во копродукција со Сектор Филм, со кој беше заокружена целогодишната иницијатива на компанијата под слоганот #НаправиМесто. Иницијативата e идеја на агенцијата Saatchi&Saatchi, дел од Publicis Groupe Скопје, која благодарение на големата упорност и труд, успеа да ги спои театарот, маркетингот и бизнис заедницата во хармоничен спој кој ќе остави траен траг во домашната култура.

„Препознатливата минималистичка сценографија во функција на постмодернистичката режија на Витошевиќ, надополнета со прецизни визуелни ефекти, тонирана музика и осум актери кои го оставија срцето на штиците што живот значат, гравираа речиси двочасовно волшепство, што ни ги растресе емоциите и мислите“, пишува во рецензијата на ТРН.мк.

Сите сцени и мотиви во претставата се инспирирани од творештвото на Горан Стефановски, а истото важи и за насловот – „Замисли нов свет“, кој суптилно испраќа порака за надеж и го повикува гледачот да погледне напред, кон нешто подобро. Низ самата претстава се испреплетени ликови кои добро ги познаваме од драмите „Диво месо“, „Лет во место“, „Дупло дно“ и сме ги читале, гледале, слушале одново и одново и одново. „Замисли нов свет“ раскажува приказна исткаена од материјалот на нашата заедница, онаа во која имаме пораснато и која нѐ има обликувано. Секоја од сцените е емотивна, моќна и внимателно одбрана за да го прикаже патот кон себепронаоѓање кој мораме да го поминеме сите ние за да дознаеме кои сме навистина.

„’Замисли нов свет’ е претстава што може да донесе и поширока публика во театар. Јасна, чиста, гласна, убава… ‘Замисли нов свет’ ќе ве натера да размислувате за себе, за животот, за нас и колективното“, пишува во рецензијата на УМНО.мк.

Уште на самата премиера, на која беа присутни некои од највпечатливите јавни личности и претставници на самиот државен врв, можеше да се забележи дека не се работи за обична театарска претстава. Насловот кој асоцира на надеж ни порачува дека околу нас може да постои нешто убаво, кое најпрво треба да го замислиме. А изведбите на актерите ни помогнаа да ја разбудиме фантазијата и во само час и половина успеаја на сцената на Македонскиот народен театар да создадат еден нов свет, инспириран од сите нас, а изграден од зборовите на Горан Стефановски.

Одлично избраната актерска екипа направи спој на различни генерации актери – некои од нив познати и добро афирмирани, а останатите блескави млади ѕвезди чие време допрва доаѓа. Особено внимание привлече враќањето на сцената на Верица Недеска, која по повеќе од 20 години повторно застанува на драмските штици за нејзината улога во „Замисли нов свет“. Заедно со неа, во претставата се појавуваат Игор Ангелов, Нина Деан, Филип Трајковиќ, Дамјан Цветановски, Ана Јовановска, Стефан Спасов и Антонио Ташковски.

Драматизацијата на претставата ја направи Ана Ристоска-Трпеноска, а како режисер на истата се потпишува Нела Витошевиќ.  За сценографијата е задолжен Константин Трпеноски, а костимите се авторство на Роза Трајчевска-Ристоска. Претставата е совршено надополнета и со оригинални песни помеѓу сцените, компонирани од Огнен Анастасовски, по текстовите на Стефановски како и изјави од неговите интервјуа. Овој уникатен проект е инициран и финансиски поддржан од Македонски Телеком, во еден редок спој на бизнис заедницата и театарот, кој се надеваме дека ќе инспирира повеќе вакви соработки во иднина.

Јавноста ќе може да ја погледне следната изведба на претставата „Замисли нов свет“ веќе на 17 јануари, во редовниот термин на МНТ од 20 часот. На репертоарот на МНТ веќе се закажани и наредните изведби на 13 февруари, 21 март и на 26 април.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article