Background

Прочитале писмен податок дека „рено кангу“ е во Скопје, во време во кое ЈО тврди дека е во Велес

Не го покажавме видеото што го најавивме на претходното рочиште затоа што ние како адвокати немаме таков систем и таков софтвер за да можеме да ги отвориме цедињата од „Сејсф сити“, рече адвокатот Јовица Страшевски по денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, за кои првообвинет е неговиот клиент Љупчо Палевски Палчо.

– Јас го донесов мојот лаптоп и пред судијата презентирав дека не можам да ги отворам цедињата. Сега ќе направиме повторно увид во Судот за да го најдеме цедето со конкретната снимка, но најдобро е Обвинителството, кое веќе го презентираше цедето, да го извади видеото и да го пушти – рече Страшевски.

На новинарско прашање како тогаш знаат дека има видеоснимка од „рено кангу“ во Скопје на полноќ помеѓу 21 и 22 ноември 2023 година, кога воопшто не ја виделе, адвокатот рече дека за таа снимка виделе писмен податок во извештајот што го добиле од ЈО за тие докази.

- Advertisement -
Ad image

– Од доставените докази во писмена форма. И во извештајот што го даде ЈО за тие докази, го има наведено „рено кангу“ во Скопје во тој период. Писмено го има како податок – рече Страшевски.

На претходното рочиште Палевски најави дека ќе ја пушта оваа снимка, во траење од неколку секунди, со која ќе докаже дека на полноќ помеѓу 21 и 22 ноември 2023 година, „рено кангу“ е во Скопје. Тоа е ноќта пред убиството на Жежовски и за тој период ЈО тврди дека „рено кангу“ е паркирано пред куќата на Манев во Велес.

 

Во врска со барањето на одбраната на Палевски да се дополни вештачењето на чаурата што е пронајдена на местото на убиството на Панче Жежовски во околината на Велес и да се испита вештакот, адвокатот посоли дека ЈО има пропусти.

– Кога некој се товари за убиство невозможно е за најдена чаура да побарате само вештачење од какво оружје е испукана и од кој калибар е, без притоа да биде чаурата и балистички вештачена, за да се утврди дали е испукана од оружје кое е легално, за кое некое лице има дозвола, или е од нелегално оружје, купено на црн пазар, До денес ЈО не го сторило тоа, а товари лица за две убиства. Ние бараме да дојде вештото лице и да утврдиме дали има направено балистика и дали е утврдено дали потекнува од легално оружје или не. И да се види дали има ДНК траги на самата чаура – рече Страшевски.

Во врска со можноста чаурата да е од пиштолот на обвинетиот Боре Видевски, кој имал дозвола за питол, но тој не е пронајден, адвокатот рече дека не тврди дека е од пиштолот на Видевски.

– Но, не може да најдете оружје кај лица што ги обвинувате за убиства, а тоа оружје да не го испратите на вештачење. Кај Боре Видевски е најдена пушка, и таа пушка не е вештачена, туку е однесена во магацин и поведена е управна постапка за одземање на оружјето – рече адвокатот Страшевски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation