Пробиштипјанка стана жртва на најновата финансиска лага

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

56-годишна жена од Пробиштип пријавила дека била измамена од непознат измамник, кој се претставил дека е од Штип и дека живее во Велика Британија, соопшти полицијата.

Измамникот успеал да однесе речиси 23.000 евра од пробиштипјанката, откако таа наседнала на неговата приказна и му ги дала пристап до нејзиниот телефон, велат од полицијата.

„На почетокот на јануари, лицето стапило во контакт со неа, се претставило дека од од Штип и дека живее во Велика Британија. Лицето ѝ посочило дека во неговата агенција стигнал документ со кој се потврдува дека таа е наследник на 590.000 евра, кои се во криптовалути, но доколку сака да ги земе, ќе мора да плати одредена сума на пари. Потоа ја убедил да инсталира неколку апликации на мобилниот телефон и да подигне кредит од финансиско друштво во износ од 250 000 денари, кои веднаш ги презел преку една од апликациите со која имал контрола врз нејзиниот телефон. На почетокот на февруари, измамената пробиштипјанка извадила извод од банка и констатирала дека преку електронско аплицирање, а без нејзино знаење и одборение, биле подигнати два кредита од истата банка во вкупен износ од 1.184.000 денари“, велат од полицијата.

Од СВР Штип велат дека преземат мерки за расчистување на случајот.

Share This Article