Привршуваат работите на реконструкција на локалниот пат село Злести-село Белчишта врска со регионален пат Ботун- Брежани. За реализација на проектот од Владата,преку Министерството за транспорт и врски на општина Дебрца се одобрени 8.627.682 денари, а 1.617.654 денари се обезбедени од Буџетот на општината за 2025 година.
Во активностите за реконструкција беше извршено прочистување на вегетација, геодетско обележување на траса, ископ, поставување на тампон, поставување на цевки за одводнување ископ на канали за одводнување, поставување на асфалт и банкини.
Реконструкцијата на овој локален пат ќе допринесе за побрз прокток на возила и поврзување на двете села со што се олеснува пристапот до село Злести.