Background

Приведено е лице барано со две централни потерници

Вчера, вторник, точно напладне на улицата Јордан Мијалков во Скопје, полициски службеици од СВР Скопје го уапсија 46-годишниот Г.Г од Скопје, информираше Министерсството за внатрешни работи (МВР).

Како што соопшти полицијата, за него имало распишано две централни потерници по наредба на Основен кривичен суд Скопје, за вкупна затворска казна од  една година, 11 месеци и 20 дена за сторени кривични дела во врска со член 297 и член 235 од Кривчниот законик.

„Г.Г. ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа“, се вели во соопштението.

- Advertisement -
Ad image

Член 235 – Кражба

Овој член го регулира кривичното дело „Кражба“. Според него, лице што од друго лице ќе одземе туѓ подвижен предмет со намера противправно да го присвои, се казнува со парична казна или со затвор до три години. Ако вредноста на украдениот предмет е помала и сторителот одел кон тоа да присвои предмет од таква вредност, се казнува со парична казна или со затвор до една година. Обидот за ова дело е казнив, а гонењето за делото со помала вредност се презема по приватна тужба.

Член 297 – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот

Овој член се однесува на кривични дела поврзани со тешки повреди на безбедноста во сообраќајот. На пример, ако учесник во јавниот сообраќај не се придржува на прописите за безбедност и со тоа го загрози јавниот сообраќај безобѕирно управувајќи моторно возило, може да се казни со затворска казна. Во случаи кога поради такво управување настапи смрт на едно или повеќе лица, сторителот се казнува со затвор најмалку пет години или со доживотен затвор.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation