Приведени се тројца возачи кои управувале возила под дејство на алкохол и предизвикале сообраќајни незгоди

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Приведени се тројца возачи кои управувале возила под дејство на алкохол и предизвикале сообраќајни незгоди.

На 13.07.2025 во 05.30 часот во селото Јосифово, Валандовско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово го лишиле од слобода Т.Ј.(52) од Удово, Валандовско. Околу 04.20 часот на регионалниот пат Р-1105, кај Јосифово, управувајќи возило „опел корса“ изгубил контрола и излетал од коловозот, по што се оддалечил од возилото, кое целосно изгорело.

Во несреќата, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Валандово, а при проверка било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,19 промили алкохол во крвта.сот на магистрален пат А2 во село Гиновци, општина Ранковце, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода М.Ц. (38) од Радишани, Скопско. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле возило „мазда“, кое го управувал М.Ц. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,13 промили алкохол во крвта.

На 13.07.2025 во 07.50 часот на регионалниот пат Делчево-Берово, во селото Смојмирово, Беровско, полициски службеници од ОВР Берово го лишиле од слобода А.Н.(30) од селото Црник, Пехчевско. При вршење увид по претходно случена сообраќајна незгода, полициските службеници констатирале дека А.Н. е под дејство на алкохол, односно дека има 1,94 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил приведен и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на настаните, против тројцата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Share This Article