Почнаа апсењата на луѓе кои планираа државен удар во Србија. Уапсени се Младен Цвјетиќ, Срѓан Ѓуриќ и Ладо Јововиќ, Лазар Диниќ, Марија Васиќ и Давор Стефановиќ.
На снимката која беше емитувана синоќа, јасно се слуша како група учесници подготвуваат терористички акти и уривање на уставниот поредок на Србија.
„Вучиќ ќе биде таму и на 16-ти. Немаме легитимитет да го замениме во овој момент, за жал, не ми се допаѓа, но така е. Единствено што може да се случи е нешто да му се случи. Да го убиjaт Тоа е единственото нешто што може да му се случи или да си замине, а трета опција нема“, се слуша на снимката.
Тие се товарат за кривично дело подготвување акт против уставниот поредок и безбедноста на Србија во соучесништво од член 320 во врска со кривичното дело повикување на насилна промена на уставниот поредок од член 309 став 1 од Кривичниот законик.