Приведен сопственикот кој се спротивставил на полицијата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Сериозен инцидент се случи во Визбегово, на локацијата каде што цел ден беснее пожар на дивата депонија, кој предизвика вознемиреност низ целиот главен град. Полицијата го приведе А.Н., сопственикот на правното лице кое управува со отпадот за старо железо во скопската населба Визбегово.

Приведувањето следуваше откако на локацијата избувна голем пожар, при што сопственикот не ги почитуваше наредбите на надлежните, при што дошло и до масовна тепачка меѓу група граѓани и полицијата

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека во 09:16 часот на 09.07.2025 беше пријавен пожар на отпад за старо железо на ул. Б.Буна во Скопје, каде што гореле хаварисани возила со плински уреди, при што се слушале и детонации. Според досегашните информации, нема зафатено приватен имот.

Некои медиуми пренесуваат дека била нападната и телевизиска екипа, која прва пристигнала на местото. Според првични информации, еден од вработените физички ја нападнал екипата и им ја скршил камерата, но засега нема официјална потврда од Министерството за внатрешни работи.

Пожарот, кој избувна рано изутрина, и понатаму не е под контрола. Црниот густ чад од депонијата се шири над Скопје и е видлив од сите делови на градот. Ветерот дополнително ја влошува ситуацијата.

На терен се ангажирани повеќе екипи на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, како и возила на ЈП „Комунална хигиена“, а во акцијата за гаснење е вклучен и авион Ер Трактор на ДЗС, како и хеликоптер АБ212 на МВР.

Share This Article