Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 26-годишен косовски државјанин за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, на 24 април веднаш по полноќ, на граничниот премин Долно Блаце при влез во државава, употребил како вистински лажни исправи – италијанска лична карта и италијанска возачка дозвола.
Бил задржан кога на пасошката контрола ги приложил лажните јавни исправи, а надлежниот јавен обвинител предложи да му биде определена мерка притвор поради опасност од бегство.