Приведен е хирург од Битола за земање поткуп

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во вторникот, во 17 часот, во просториите на Клиничка болница Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 64-годишниот М.С., лекар во Хируршко одделение во Клиничка болница Битола.

Тој се сомничи дека сторил кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик, односно дека по завршен хируршки зафат побарал и примил поткуп од лице од битолско.

Кај него биле пронајдени и одземени парите, кои претходно биле обележани.

Основното јавно обвинителство Битола соопшти дека против осомничениот е поведена постапка.

„Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 6 во врска со став 3 и став 2 од Кривичниот законик“, соопшти ОЈО Битола.

Сомнението произлегува од фактот дека осомничениот, се вели во соопштението, на 27 јануари, како лице кои вршело работи од јавен интерес, односно како доктор – хирург на Одделението за хирургија при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола, извршил интервенција – операција на жолчно ќесе врз пациентка, а потоа индиректно, преку сведок, побарал од синот на пациентката да му даде пари во износ од 150 евра за да се почестел за извршената работа.

Синот во просториите на болницата, во плик му дал на осомничениот 3 банкноти од по 50 евра. Откако осомничениот ги примил, му бил извршен претрес и овластени службени лица од СВР Битола ги пронашле и одзеле парите.

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство.

Share This Article