Background

Приведен е 34-годишен гостиварец осомничен дека го убил својот татко во семејниот дом

Приведен е 34-годишен гостиварец осомничен дека го убил својот татко во семејниот дом, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи.

– Денеска во 01:50 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица – Гостивар го лишија од слобода М.Д. поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Имено, претходно во 01:30 часот во Полициската станица – Гостивар, машко лице пријави дека се сомнева за убиство на член од неговото семејство. Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот и во куќата е пронајден починат К.Д., на возраст од 63 години од Гостивар, со видливи повреди и траги од насилство во пределот на главата, по што, поради сомнение дека се работи за убиство, од слобода е лишен неговиот син – информираа од МВР.

Според првичните изјави на осомничениот, татко му починал претходниот ден околу 14:50 часот по пад во купатило, но, случајот не го пријавил кај надлежните служби.

- Advertisement -
Ad image

Известен бил јавен обвинител. Од МВР додадоа дека се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation