Приватниот сектор ќе биде еден од клучните двигатели на евроинтегративниот процес

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески денеска одржал работен состанок со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас.

На средбата главен фокус на разговорите биле економските перспективи на земјата во контекст на евроинтегративниот процес, можностите за забрзување на процесот и подготвеноста на македонската економија да заземе активна улога во исполнување на критериумите и обрските кои произлегуваат од истиот.

Како што соопштија од Стопанската комора на Македонија, Азески го запознал Рокас со моментните економски состојби во државата, чекорите кои Стопанската комора ги презема за подготовка и јакнење на конкурентноста на нашите компании, со цел да бидат подготвени за ЕУ пазарите и усогласување со ЕУ законодавството, вклученоста на Комората во регионалните иницијативи и соработката со ЕУ институциите.

-Бизнис-заедницата е подготвена да ги прифати неопходните реформи, но за нивна успешна имплементација е потребна предвидлива бизнис-клима и силна поддршка од институциите. Приватниот сектор има клучната улога во процесот на пристапување кон ЕУ и затоа ЕУ е и останува клучен партнер за македонскиот бизнис, нагласил Азески.

Во разговорот амбасадорот Рокас истакнал дека е потребна политичка храброст за Северна Македонија да продолжи напред, но посочил дека го охрабрува фактот што бизнис-секторот го поддржува евроинтегративниот процес и најави дека во иднина приватниот сектор ќе биде еден од клучните двигатели.

На состанокот, на кој присуствувал и генералниот секретар на Коморскиот Инвестициски Форум( ЗБ6-КИФ ) Татјана Штерјова Душковска, се отворило и прашањето за активностите на Стопанската комора на регионален план.

„Постои активен дијалог со институциите на ЕУ, и КИФ е вклучен во креирање и имплементација на акцискиот план за заедничкиот регионален пазар“, потенцирала Штерјова Душковска, се наведува во соопштението.

Амбасадорот Рокас ја поздравил иницијативата за креирање на Бизнис- Клуб Европа при Стопанската комора на Македонија, иницијатива посветена на поддршка на македонските компании во процесот на економска интеграција во ЕУ.

„Ова тело ќе функционира како платформа за поврзување на бизнисите со институциите на ЕУ, за спроведување на реформи, усогласување со европските регулативи и подобрување на конкурентноста на пазарот на ЕУ“, се додава во соопштението.

- Advertisement -
Ad image

Јадранка Аризанковска, советник за ЕУ интеграции во Комората, на состанокот истакнала дека вклучувањето на амбасадорите на земјите-членки на ЕУ предводени од ЕУ амбасадорот во активностите на Клуб Европа може значително да го зајакне процесот на економска интеграција и да ги подобри можностите за соработка помеѓу македонските компании и ЕУ бизнисите. Амбасадите, посочила, можат да играат клучна улога во поврзувањето, финансиската поддршка и преносот на знаење, што ќе придонесе кон подобра подготовка на македонската економија за пристапување во ЕУ.

Share This Article