Приватната градинка „Кул кидс“ не ги известила родителите кога децата добиле труење од храна, туку ги повикале да си ги земат, под изговор дека имаат вирус

Lorita
By Lorita
6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Приватната градинка „Кул кидс“ не ги известила родителите кога децата добиле труење од храна, туку ги повикале да си ги земат, под изговор дека имаат вирус, обвинува мајката Е.Т. Таа тврд дека градинката по скандалот само ја сменила кујната од која набавува храна, а кујната не е пријавена во Институтот за јаво здравје, за отаму да земат мостри.

Инцидентот се случил на 27 јуни, кога сопругот на Е.Т. го зел едното дете, затоа што било бледо, повраќало, се тресело и изгледало како да има стомачен вирус. Го однел на лекар, а во чекалната забележал дека и други деца од истата градинка чекаат преглед со истите симптоми.

По некое време, од градинката ѝ се јавиле на Е.Т.  дека и другото дете повраќа и ја замолиле да дојде и да го земе.

Криејќи го труењето, ги изложија децата на опасност

– Зошто скрија дека децата добиле труење од храна и наместо тоа нè известија дека имаат стомачен вирус? Со тоа ги изложија децата на дополнителна опасност, бидејќи труење и вирус не се третираат на ист начин. Можно е да било сериозно труење, па ќе требаше веднаш да одиме на Инфективната клиника, а не кај замената на матичниот лекар. По овој настан, ние, родителите во Вибер-групата, ја критикувавме директорката за оваа несовесност, дополнително и затоа што цел викенд не ни се јави да праша како ни се децата. Со другите родители разменивме мислења и за комбето со кое кујната ја носи храната во градинката, кое видливо немаше соодветни услови за чување и транспорт на храна. Најверојатно некој родител ѝ ги пренел овие критики, па таа ни испрати на сите мејл со прашања како се децата и нè повика на состанок во понеделникот. Ни рече дека не ни се јавила бидејќи настанот се погодил во петок – раскажува мајката.

Откако родителите ја искритикувале директорката, таа го раскинала договорот со кујната „Ланч бокс“, со која дотогаш соработувала, па склучила нов договор со друга кујна. Родителите биле известени дека сопственичката на старата кујна во понеделникот наутро однела мостри на испитување од храната што се сервирала во петокот – пилешко со ориз.

Разочарани од односот на градинката во која плаќаа големи пари

Мајката Е.Т. вели дека е длабоко разочарана од односот на градинката, каде што нејзините деца посетувале настава неколку години и каде што, како што вели, платила многу пари.

– Дознавме дека и деца од други градинки добиле труење од истата кујна. На оваа градинка ѝ плаќам по 19.500 денари месечно по дете, а добивме ваков неодговорен однос. Децата ни ги хранеше кујна со најевтина понуда и ете што се случи. За среќа, децата немаа посериозни последици од труењето. Секако дека и јас и други родители ги отпишавме децата од градинката по овој настан – раскажува таа.

По некое време, пристигнале и резултатите од испитувањето на мострите од храната, кои директорката им ги испратила на родителите. Биле тестирани две бактерии и резултатите биле негативни.

Не може газдата сам да зема мостри, за тоа има протокол

– По ова се јавив во Институтот за јавно здравје за да се распрашам. Ми рекоа дека до нив нема пристигнато пријава од ниедна градинка дека деца добиле труење со храна. Ми објаснија дека кога ќе се случи труење, не е правилно сопственикот сам да зема мостри и да ги носи некаде на испитување. Според протокол и процедура, екипи од ИЈЗ треба да излезат на терен и да земат повеќе мостри, кои се испитуваат на повеќе бактерии – додава мајката Е.Т..

- Advertisement -
Ad image

Во реакција испратена до родителите, градинката „Кул кидс“ потврдува дека по појавата на симптоми, во понеделникот била однесена мостра за проверка на храната.

Нова кујна и проблемот е решен?!

„Минатиот петок попладне после маилот за појава на повраќање во нашата градинка, според сите протоколи е однесена мостра на проверка на храна овој понеделник. И покрај резултатот, со оглед дека е појавено кај повеќе градинки истиот ден од истата кујна, ние го сменивме операторот со надеж дека истото нема да се повтори. Ве информираме храната ќе биде од нова кујна ‘Софра’. Истата е одбрана со посета на повеќе кујни и проверени се сите стандарди и сертификати“, се вели во соопштението.

Но, останува отворено прашањето, зошто родителите не биле веднаш информирани дека може да се работи за труење со храна, зошто не била известена официјално институција како ИЈЗ и кој ќе сносел одговорност доколку симптомите се повтореле со посериозни последици.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article