Background

Притвор и куќен притвор одреди денеска Основниот кривичен суд Скопје за 12 осомничени за Лихварство и за Перење пари

Притвор и куќен притвор одреди денеска Основниот кривичен суд Скопје за 12 осомничени за Лихварство и за Перење пари.

Како што информираа од Кривичниот суд, за 8 лица е одреден притвор, за три куќен притвор, додека за лицето по кое сè уште се трага, исто така, е одредена мерка притвор.

Министерството за внатрешни работи претходно соопшти дека се лишени од слобода 11 лица кои се осомничени за лихварство и за перење пари, а по едно лице се трага.

- Advertisement -
Ad image

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР, во координација со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) извршило претреси на повеќе локации низ Скопје и ги лишило од слобода 11-те одомничени лихвари.

„МВР до ОЈО за ГОКК поднесена кривична пријава против Б.К.(35) кој во моментов е недостапен за органите на прогонот и против веќе лишените од слобода Љ.Љ.(29), Д.В.(29), А.Т. (29), Д.Љ.(32), М.В.(25), М.Н.(36), А.Т.(32), З.А.(42) за кои постои основано сомневање дека како соизвршители или помагачи ги сториле двете кривични дела, додека М.К.(73), П.К.(41) и Г.С.(46) се осомничени за кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело“, соопшти полицијата.

Притвор и куќен притвор одреди денеска Основниот кривичен суд Скопје за 12 осомничени за Лихварство и за Перење пари.

Како што информираат од МВР, деветмина од осомничените од почетокот на 2022 година до денеска се организирале во криминална група што се занимавала со давање на пари со договор, притоа договарајќи несразмерна имотна корист во пари, средства или во недвижен имот.

„Искористувајќи ја финансиската состојба на оштетените лица им позајмувале пари со пресметување на камата од 5 отсто или 15 отсто месечно зголемување за секое задоцнување. Од оштетените барале да им бидат вратени позајмените парични средства со пресметана камата или месечно да го исплаќаат износот по основ на камата. Кога тие не биле во можност да ја вратат позајмицата, осомничените барале да го предадат или оптоварат имотот со кој располагале, пренесувајќи го на име на некој од осомничените. Наплатата на паричните средства се вршела директно преку некој од осомничените или преку трансакционите сметки во банка од сметка на оштетен на сметка на некој од осомничените лица“, се наведува во сопштението.

Од МВР соопштија и дека организираната криминална со лихварството се стекнала со противправна имотна корист во парични средства во износ од 125.033.527 денари (2 милиони евра).

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation