Принцезата од Велс Кејт Мидлтон привлече внимание во текот на традиционалната парада „Trooping the Color“, која го одбележува официјалниот роденден на британскиот монарх Чарлс Трети. Организиран како годишен воен настап, наречен „Trooping the Colour“, иако кралот всушност ќе наполни 77 години на 14 ноември. Сите очи биле вперени во изгледот на Кејт Мидлтон, а таа пристигнала со својата ќерка, принцезата Шарлот, во соодветни комбинации на облека.
Фотографите ја фатија како вљубено го гледа својот сопруг, принцот Вилијам.
Џуди Џејмс, жената која го проучува говорот на телото, откри за британскиот весник „Фимејл“ дека Кејт му упатила „мошне кокетен, благодарен поглед“ на својот сопруг, додека Вилијам во свечена облека јавал со принцезата Ана и војводата од Единбург.
Џејмс тврди дека Вилијам бил донекаде несвесен за нејзините погледи.
„Тоа беше дискретно, разиграно и повеќе ја покажуваше нејзината наклонетост отколку загриженост поради тоа што би можеби топло под хаубата“, рекла Џејмс.
Кејт и Вилијам се во брак 14 години, а луѓето кои се занимаваат со говорот на телото истакнуваат дека нивните изрази на љубов во текот на јавните појавувања се сè поизразени.
„Нивните кокетни ритуали, погледи со љубов и разиграност речиси ги тераат гледачите да не можат, а да не се насмевнат со задоволство додека ги набљудуваат“, заклучила Џејмс.