Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, вчера блесна во црвен капут покрај сопругот принцот Вилијам на традиционалните прослави на Комонвелтот.
Церемонијата во Вестминстерската опатија ја предводеле кралот Чарлс Трети и кралицата Камила. Британскиот монарх, како и принцезата од Велс ги пропуштија минатогодишните прослави на овој важен датум бидејќи и двајцата се бореа со ракот.
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам пристигнаа во Вестминстерската опатија со автомобил. Принцезата од Велс за момент изгледаше мрачно додека излезе од автомобилот, но подоцна ја врати насмевката на своето лице.
Таа ја продолжи традицијата да носи црвена облека за важни настани, а вчера блесна во монохроматски изглед, сличен на комбинациите што ги носеше претходно. Рециклирањето на старите модни изданија е нејзиниот препознатлив стил.
Кралицата Камила, исто така избра монохроматски стил, во розова боја. Стилистите не грешат при изборот на фустани или капути во А-линија, а успеаја значително да го подобрат нејзиниот моден имиџ откако беше прогласена за кралица во 2023 година, на истото место каде што се појави вчера.
Прославата на Денот на Комонвелтот е еден од најважните датуми во календарот на обврски на најважните членови на британската монархија.