Background

Примирјето меѓу Израел и исламистичката група Хамас останува на сила и покрај обновените размени на оган во Појасот Газа

Примирјето меѓу Израел и исламистичката група Хамас останува на сила и покрај обновените размени на оган во Појасот Газа, изјави синоќа американскиот потпретседател Џ.Д. Венс, јави ДПА.

„Примирјето се почитува. Тоа не значи дека нема да има мали престрелки тука и таму“, рече Венс цитиран од американските медиуми.

Израелската влада соопшти дека извршила воздушни напади во Газа како одговор на нападот врз израелските војници, додека Хамас негираше одговорност. Тврдењата не можеа независно да се потврдат, пренесе ДПА.

- Advertisement -
Ad image

„Волстрит џурнал“ цитираше американски функционер кој рече дека Вашингтон бил информиран однапред за израелските напади и очекувал целни напади. Израел нема намера да го загрози примирјето, додаде функционерот.

Венс изјави за американската телевизија Ен-Би-Си дека војник на израелската армија бил нападнат од Хамас или друг актер во Газа. Иако очекувал Израел да одговори, тој сепак верувал дека мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп ќе се почитува.

И американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека примирјето во Газа не е загрозено откако Израел вчера лансираше воздушни напади поради убиството на израелски војник.

– Колку што разбрав, тие убиле израелски војник. Израелците возвратија и треба да возвратат во таква ситуација. Ништо не е загрозено. Хамас е многу мал дел од мирот на Блиски Исток и мора добро да се однесува. Ако Хамас се добри, ќе бидат среќни, а ако не се добри, нивните животи ќе бидат уништени. Никој не знае што се случило со израелскиот војник, но Израел вели дека тоа бил снајперски оган. И нападите биле одмазда и мислам дека имаат право да го сторат тоа – кажа Трамп.

Откако примирјето стапи на сила на 10 октомври, смртоносните инциденти продолжија. Според здравствените власти во Газа, управувани од Хамас, за ова време се убиени повеќе од 90 Палестинци.

Пред околу една недела, двајца израелски војници беа убиени во напад со ракетни гранати. Израел, исто така, го обвини Хамас за одложување на предавањето на телата на убиените заложници, потсетува ДПА.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation