Пријавувањето за наградата „Горан Стефановски“ е до 28 февруари 2026 година

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Драмски театар Скопје го објави Конкурсот за наградата „Горан Стефановски“ за најуспешен драмски текст од млад македонски автор на возраст до 30 години. Конкурсот ќе биде отворен до 28 февруари 2026 година.

Преку овој конкурс, театарот сака да даде поддршка на драмско творештво на младите автори и да ја афирмира современата македонска драма.

Право на учество имаат автори, државјани на Македонија, кои до денот на завршување на рокот за пријавување не навршиле 30 години. Поднесениот текст мора да биде оригинално, неизведено дело, а не адаптација или драматизација на веќе постоечки книжевни или драмски форми.

Пристигнатите текстови ќе ги разгледува стручна Комисија составена од пет члена, а добитникот ќе биде објавен на прес-конференција што ќе се одржи во пресрет на денот на раѓањето на Горан Стефановски – 27 април.

Наградата се состои од паричен дел во износ од 60.000 денари (еднократно) и потпишување авторски договор со НУ Драмски театар Скопје, продукција и изведба на наградениот текст на една од сцените на театарот – малата сцена или на сцената „Ристо Стефановски“ – во рок од две години од затворањето на конкурсот.

Авторот се обврзува дека до премиерата во Драмски театар Скопје, текстот нема да биде отстапен на други лица или институции.

Со оваа награда, НУ Драмски театар Скопје ја продолжува својата посветеност кон развојот на македонското драмско писмо, негувајќи го духот на Горан Стефановски, чии дела се длабоко вкоренети во историјата на театарот. Од „Јане Задрогаз“ (1974) до „Огнени јазици“ (2013), на сцената на Драмски беа поставени 15 негови претстави, од кои осум беа праизведби.

Share This Article