Директор на јавно претпријатие д 31 јули 2024 до 24 март 2025 во повеќе наврати дозволил вработени да управуваат службени моторни возила кои не биле технички исправни и не биле регистрирани, информираше Министерството за внатрешни работи.
„При извршени контроли, од полициски службеници од ОВР Делчево е констатирано дека возилата не биле регистрирани подолг период и биле издадени неколку прекршочни платни налози со вкупен износ од 50.909 денари, кој бил платен од пријавениот. Со извршувањето на овие кривични дела С.С. нанел штета на јавното претпријатие за наведената сума од 50.909 денари“, се вели во полицискиот битен.
Против 60-годишниот С.С., директор на ЈКП Брегалница ќе биде поднесена пријава за злоупотреба на службената полжба и властување.