Причината е девојка што ја запознал, манекенка раскажа каков е актерот приватно

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Српската манекенка Хелен Бабиќ своевремено откри детали за непријатна средба со славниот актер Леонардо ди Каприо, што се случила за време на нејзиниот престој во Париз, објави Мондо.

Хелен еднаш раскажала дека нејзина колешка од Србија ја посрамотила манекенската професија, поради што и самиот актер ја гледал со недоверба.

Непријатната средба со Леонардо ди Каприо

„Постои една манекенка што ја посрамила професијата“, почна водителката на еден подкаст, на што нејзината гостинка, познатата манекенка Хелен Бабиќ, се надоврза:

– Моделингот е добар свет во однос на контактите и на патувањата. Навистина многу научив и сфатив дека е добра професија бидејќи се наоѓаш во градови каде што се случуваат разни нешта. Како млада, убава жена, сите врати ми беа отворени. Имав супер можност преку пријатели да ја запознаам целата екипа од снимањето на еден познат филм. Тогаш го запознав и Леонардо ди Каприо – рече тогаш Хелен.

„Има став за цела држава врз основа на една личност“

Таа потоа откри каков е актерот приватно.

– Му беше здодевно што седи во Париз, го запознав како човек изморен од сè. Целата ноќ беше на телефонот. Подоцна имавме прилика да вечераме на иста маса. Ми постави прашање: „Од каде си?“, и кога му кажав, се намурти. Покажа згаденост. Го прашав зошто, а тој ми рече дека запознал само една девојка од Србија. Многу девојки го бркале. Меѓу другото дознав дека таа девојка одела од клуб во клуб, се трудела на секој начин да го најде, го прогонувала. Кога ми ја покажа фотографијата, сфатив за кого станува збор. Тој врз основа на една личност ја генерализираше цела наша држава – рече таа.

Share This Article