Background

Причина за смртта на двете бебиња близначиња од Прилеп било премрзнување

Причина за смртта на двете бебиња близначиња од Прилеп било премрзнување, соопшти денеска ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески” – Прилеп.

Оттаму посочуваат дека бебињата биле стари само 20 дена.

„На 30.12.2024 година, во нашата установа, мајка родена во 2001 година, во својата четврта бременост (близначка), се породи спонтано. Близначињата се недоносени, родени во 34-та гестациска недела. Првото новороденче, машко, е со родилна тежина од 1.970 грама, а второто, женско, со тежина од 1.780 грама. На 10.01.2025 година, по барање на мајката и со нејзин потпис, новороденчињата се испишани од болницата. На 16.01.2025 година, во 10:45 часот, на Одделот за детски болести е донесено женското новороденче во тешка здравствена состојба како резултат на премрзнување. Според достапните информации, машкото новороденче е претходно починато дома од истата причина“, се наведува во соопштението од болницата.

- Advertisement -
Ad image

Оттаму додаваат дека по приемот на женското новороденче, веднаш била преземена интензивна медицинска интервенција.

„Извршена е реанимација, новороденчето е интубирано, поставено во топли ќебиња и применети се дополнителни мерки за затоплување. И покрај сите преземени обиди од страна на медицинскиот персонал, состојбата продолжи да се влошува. Во 13 часот, за жал, е констатирана смртта на женското новороденче. Изразуваме длабоко жалење за загубата и остануваме посветени на обезбедување најдобра можна грижа за сите пациенти“, се вели во соопштението.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation