Вработен во фабриката за производство на марихуана „Недкан“ од Охрид, Ј. П од Струга бил фатен при обид за излез на 10 грама опојна дрога марихуана од страна на обезбедувањето на фабриката агенција за имот и лица Питон од Охрид.
Лицето е фатено при задолжителен претрес кој се врши при излез од фабриката „Недкан “, а од страна на агенцијата Питон лицето е пријавено и предадено на криминалистичката полиција при СВР Охрид.
Повеќе информации очекуваме во текот на утрешниот ден од страна на МВР.