Претставник на Кремљ во Вашингтон претстави 3 клучи услови

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Решение за војната во Украина би можело да се најде прилично брзо ако се земат предвид три клучни прашања за Русија, изјави Кирил Дмитриев, специјален претставник на Кремљ и извршен директор на Рускиот фонд за директни инвестиции, кој моментално е во посета на САД.

– САД, Украина и Русија разбираат какво може да биде решението и се надеваме дека ќе се постигне во разумен временски рок – изјави Дмитриев за „Фокс њуз“.

На прашањето да појасни какво е решението, Дмитриев наведе три елементи битни за Русија.

– Еден од нив се безбедносните гаранции за Украина, а Русија е отворена за безбедносни гаранции за Украина. Дефинитивно постои територијалното прашање, каде што има руско население, кое беше нападнато од украинските сили дури и пред почетокот на конфликтот. И потоа тука е целото прашање за неутралноста на Украина, што е важно за безбедноста на Русија. Всушност, нема толку многу прашања на маса, и во основа, со разбирање како тие можат да се решат по дипломатски пат, решение може да се најде прилично брзо – рече Дмитриев.

Тој, исто така, го пофали американскиот претседател Доналд Трамп, истакнувајќи го напредокот постигнат во решавањето на конфликтот за време на неговиот мандат.

– Пред се, претседателот Трамп избегна ескалација во Трета светска војна. Второ, тој го постигна првиот прекин на огнот за нападите врз термалната и енергетската инфраструктура. И трето, тој навистина ја разбра руската позиција – рече претставникот на Кремљ.

Претходно, во разговор за Си-Ен-Ен, Дмитриев кажа дека средбата меѓу Трамп и Путин не е откажана и оти веројатно ќе се одржи, но подоцна од планираното.

– Мислам дека средбата е одложена – нашите дипломати мора добро да ја подготват, рече Дмитриев.

Тој, исто така, го пофали и украинскиот претседател Володимир Зеленски, за тоа што „веќе признава дека станува збор за фронтовските линии“, за разлика од неговиот претходен став дека Русија треба целосно да си замине од Укарина.

- Advertisement -
Ad image

Според Дмитриев, тоа укажува дека „сме доста блиску до дипломатско решение што може да се постигне“.

Share This Article