Background

Претставата „Д“ е втор дел од трилогијата „Жените во творештвото на Шекспир“

Претставата Д (како Дездемона) на македонската кореографка Рисима Рисимкин е поканета да гостува на 13 септември на фестивал за Шекспир во Верона, Италија.

Оваа претстава е втор дел од трилогијата Жените во творештвото на Шекспир, тема со која Рисимкин се бави во последниве неколку години. Претставата е во кореографија на Рисима Рисимкин, на музика на Тони Китановски, дизајн на сцена и светло на Матеа Мијановиќ, костими на Благој Мицевски. Премиерно се изведе во рамките на манифестацијата „Денови на македонски кореографи“ во организација на Националната опера и балет. Со оваа претстава се отвори 26 издание на Фестивалот на монодрама во Битола на 17 мај 2025.

Во претставата учествуваат осум танчари: Дездемона – Анастасија Данчевска; Јаго – Дејан Битровски; Отело – Лука Ѓорѓиевски; Емилија – Сара Димовска; Смртта – Давор Милев; Гласови: Надја Луканова, Елена Терзиева, Ивона Маневска.

- Advertisement -
Ad image

„Рисима Рисимкин ги поместува границите на театарската форма – воведувајќи го говорниот збор во невербалниот театар, вградувајќи го класичниот балет во современиот танц – и тоа го прави со елеганција и намера. Таа е уметница неограничена од конвенции, слободно црпејќи од алатките потребни за да ја пренесе својата визија за светот преку јазик кој е единствено нејзин“, напиша грузијскиот критичар Лаша Чхартишвили за изведбата на современата танцова претстава на Рисима Рисимкин, по нејзината изведба на отворањето на Интернационалниот фестивал за монодрама во Битола.

Рисимкин годинава одбележува 45 години уметничко творештво, таа е добитник на повеќе признанија меѓу кои и Витез од редот на уметностите и книжевноста на Франција. Со свои претстави гостува на врвни сцени низ светот, каде што ја претставува Македонија, меѓу другото во Париз, Њујорк, Хаг, Пекинг, Амстердам, Келн, Дизелдорф, Лајпциг, Лисабон, Архус итн.

Рисимкин за прв пат се претстави пред италијанската публика во 2023 година, кога ја изведе претставата „Лејди Магбет“, која ги одушеви гледачите, а критиката во весникот Веронасера, ја оцени со зборовите „Автентично откритие на фестивалот беше талентираната македонска кореографка Рисима Рисимкин која со својата мошне оригинална верзија на ликот на Лејди Магбет забележа рекорден број на посетеност и исполнетост на салата на театарот Камплој…“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation