Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска потврди дека партиите од владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и Вреди го отвориле прашањето за промена на државниот грб.
– Ние ова прашање го отворивме. Ние сме една од двете постсоцијалистички држави што сѐ уште го имаат стариот државен грб, со некои мали модификации – рече Мицкоски.
Премиерот потсети дека договор за менување на државниот грб имало и меѓу ВМРО-ДМПНЕ и ДУИ кога тие беа во истата влада.