Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, на прес конференција денеска покажа мобилен телефон „Хуавеј“ за кој рече дека е подарок од кинескиот претседател Си Џинпинг.
Тој го нарече „најнапредниот и најбезбеден телефон во светот“, отпорен на какво било прислушување, дури и преку сателит.
– Дури ни грингосите не можат да го прислушкуваат – рече Мадуро, мислејќи на Американците.
Прес-конфернецијата се случува во време кога се зголемуваат тензиите меѓу Венецуела и САД.
Вашингтон деновиве испрати 7 воени бродови, подморница и околу 4.500 маринци во јужниот дел на Карипското Море, што беше објаснето, како операција насочена против нарко-картелите.
Мадуро, пак, тоа го смета за отворена закана за неговата влада и обид за промена на режимот. Тој неодамна поради тоа прогласи и општа мобилизација на 15.000 војници и ја повика цивилната милиција на готовс.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
