Претседателот на САД Доналд Трамп објави дека ќе ги удвои тарифите за увоз на челик од 25 на 50% од 4 јуни, што предизвика пад на берзанските индекси.
Трамп смета дека зголемените царини „дополнително ќе ја обезбедат челичната индустрија“.
Изјавата предизвика пад на берзанските индекси на азиско-пацифистичките пазари, но и на американскиот пазар.
Јапонскиот референтен индекс Nikkei 225 падна за 1,33%, а индексот Topix за 0,99%. Јужнокорејскиот Kospi падна за 0,22%, додека Kosdaq, индекс на компании со мала капитализација, порасна за 0,68% пред претседателските избори во земјата на 3 јуни.
Австралискиот S&P/ASX 200 ослабе за 0,22%, додека индексот Hang Seng во Хонг Конг падна за значителни 1,9%. Индексот Nifty 50 во Индија падна за 0,64%. Пазарите во Кина, Малезија и Нов Зеланд беа затворени за време на државните празници.
Фјучерсите на акциите во САД исто така паднаа. Фјучерси на S&P 500 паднаа за 0,3%, исто како и Nasdaq-100, додека индустрискиот просек на Dow Jones изгуби 108 поени (0,3%).