Претседателот на САД Доналд Трамп не го одобрил предлогот за 45-дневно примирје во војната со Иран, потврди висок претставник на Белата куќа.
– Тоа е една од повеќе опции за кои се разговара и претседателот не ја одобрил – изјавил претставникот.
Американските власти велат дека операцијата „Епски бес“ продолжува, додека Трамп најавил дополнителни обраќања.
Според „Аксиос“, Трамп му дал рок на Иран до утре вечер, 7 април, да ги прифати условите. Во спротивно, се заканил со напади врз инфраструктурата на земјата.
Медиумот пишува дека предлогот за 45-дневен мир е на пакистанските, египетските и на турските медијатори.
Во исто време, дипломатските напори се засилуваат, со повеќе посредници кои нудат различни модели за прекин на огнот.
Според Ројтерс, пак, на Иран и на САД им е претставен план во две фази, прво итен прекин на огнот, а потоа конечен договор во рок од 15 до 20 дена. Се предлага двостепен пристап – со моментален прекин на огнот и отварање на Ормускиот Теснец, по што ќе следи сеопфатен миреовен договор.
Во овој предлог клучна улога има Пакистан, додека во процесот се вклучени и Египет и Турција како посредници.
Иран јасно стави до знаење дека нема повторно да го отвори Ормускиот Теснец во замена за привремен прекин на огнот. Одговорот на Иран се состои од десет точки, вклучувајќи прекин на конфликтите во регионот, протокол за безбеден премин низ Ормутскиот теснец, укинување на санкциите и реконструкција.
Претходно, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Бегаи, изјави дека Иран ги формулирал своите позиции и барања како одговор на предлозите за прекин на огнот.
Тој објасни дека Иран има низа барања засновани на неговите национални интереси кои веќе се пренесени преку медијатори и рече дека барањата објавени од САД, како што е планот од 15 точки, се отфрлени како прекумерни.
Дипломатските разговори се водат паралелно со притисокот врз Иран да го отвори Ормускиот Теснец. Теснецот е клучна енергетска рута, а неговото затворање создава глобални економски ризици.
Трамп попладнево се појави на традиционалниот настан со велигденски јајца во Белата куќа.
– Што е со тоа спасување! Кога ќе се случи нешто такво, во повеќето случаи навистина не можете да стигнете – рече Трамп, осврнувајќи се на операцијата за извлекување на двајцата американски пилоти од Иран за време на викендот.
Тој ги нарече пилотите „неверојатни“ и „храбри“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
