Background

Претседателот Милатовиќ вети целосна поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

Испраќаме пораки за регионална соработка и добрососедска поддршка. Го цениме фактот дека Северна Македонија беше меѓу првите држави што ја признаа Црна Гора и тоа стана цврст темел за развој на нашите билатерални и диплматски односи – нагласи претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на заедничката прес-конференција во Вила „Водно“ со неговиот домаќин, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

– Нашите две држави ги поврзува искрено пријателство, заемна почит, а нашите билатерални односи се пример за доброседска соработка во регионот. И токму во таа блискост лежи силата на нашето големо партнерство и пријателство и сигурноста заедно да градиме подобар регион на Западен Балкан и нашата европска перспектива – рече Милатовиќ.

Претседателот на Црна Гора нагласи дека токму европската перспектива на двете држави зазема посебно место во агендата на двете држави, при што, како што истакна, Црна Гора силно го поддржува европскиот пат на Македонија.

- Advertisement -
Ad image

– Во нас оваа држава секогаш ќе има сојузник и полна поддршка. Имаме цел да станеме 28. држава членка на ЕУ и со тоа да покажеме дека европската перспектива на овој регион не е само сон, туку и реалност – потенцира Милатовиќ.

Претседателката Сиљановска-Давкова, од своја страна, истакна дека со колегата потврдиле оти се извонреден пример на регионало добрососедство, добар пример на соработка и внатре во рамките на НАТО, а денешната средба уште повеќе ја зацврствува довербата.

– Целосната интеграција на Балканот е неопходна за навистина ЕУ да биде заедница што инспирира и што е целосна. Регионалната соработка е не само наша обврска, туку е и право и дека меѓусебната поддршка на земјите од Западен Балкан за мене е императив. Ако не се почитуваме, не се разбираме меѓусебно, сами си го отежнуваме патот кон ЕУ – потенцира Сиљановска-Давкова.

Македонската претседателка на средбата повторно ја реафирмираше потребата да се почитуваат Копенхашки критериуми при проширувањето на ЕУ, кои, како што нагласи, не ги измислила таа, ниту некој претходно ги креирал.

– Во ЕУ има држави, и тоа повеќето, кои немаат ниту еден збор во Уставот за малцинствата, имаат само антидискриминаторна клаузула дека сите луѓе се еднакви, без оглед на било каква припадност, па и етничката. Она на што инсистирам се еднакви стандарди – рече претседателката.

Сиљановска-Давкова додаде дека новина за нас е изјавата на претседателот на Европскиот совет во Софија, господинот Антонио Кошта, за потребата од гаранции со оглед на неможноста да се предвиди што може да се појави во напредокот надвор од Копенхашките критериуми.

– И тоа е нешто што е обврска бидејќи неисполнувањето на овие услови може да доведе, се разбира, ние не можеме да почнеме таква постапка, меѓутоа кршењето на принципите и вредностите може да бидат основа за поведување постапка пред судот во Луксембург – рече Сиљановска-Давкова.

Утре претседателката Сиљановска-Давкова и претседателот Милатовиќ ќе одржат заедничко предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation