Background

Претседателот ја повика Генерацијата „Z“ на разговор

Непалската војска продолжува да патролира по улиците за време на неограничениот полициски час во Катманду, по дводневните протести против корупцијата во кои беа убиени најмалку 21 лице, а премиерот КП Шарма Оли поднесе оставка.

– Прво се обидуваме да ја нормализираме ситуацијата. Посветени сме на заштита на животите и имотот на луѓето – изјави портпаролот на армијата, Раџа Рам Баснет.

Не се пријавени протести во Катманду, но локалните медиуми објавија дека се приведени околу 25 лица кои се обидувале да „направат проблеми“ на периферијата на главниот град.

- Advertisement -
Ad image

– Тука нема демонстранти. Само неколку луѓе одат по улицата. Тука е мирно – изјави жител на градот, пренесен од британските медиуми.

Непалските медиуми објавија дека се прават подготовки за разговори меѓу властите и демонстрантите, но повеќе детали сè уште не се познати.

Претседателот на Непал, Рам Чандра Паудел, вчера ги повика сите страни, вклучително и граѓаните што протестираат, да бараат мирно решение преку дијалог за актуелното движење на генерацијата „Z“.

Апелот дојде во екот на насилните демонстрации во кои најмалку 21 лице беше убиено, а стотици беа повредени кога безбедносните сили отворија оган врз демонстрантите пред парламентот на Непал.

Демонстрантите подоцна упаднаа во клучните владини институции, вклучително и Канцеларијата на претседателот, додека сопругата на поранешниот непалски премиер Џала Нат Канала почина откако жива изгоре кога нејзината куќа беше запалена.

Регионалните медиуми објавија дека тројца полицајци биле линчувани и покрај тоа што го положиле оружјето откако биле нападнати од демонстрантите.

Непалската армија претходно јавно апелираше до граѓаните, особено до младите, да покажат воздржаност и да го зачуваат историското и културното наследство на нацијата во овој период на немири.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation