Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги објави впечатоците од посетата на Македонската академија на науките и уметностите, како што вели таа „вдомена во уникатното архитектонско дело на Борис Чипан”.
„Уживав во долгата и плодна дискусија со членовите на Извршниот одбор на МАНУ: Живко Попов – претседател, потпретседателите Витомир Митевски и Алајдин Абази и дописниот член Блажо Боев кои ме запознаа со историјата, биографските елементи и достигнувања на членовите, видот на проектите, врвните успеси, но и со хроничните и актуелни проблеми и предизвици”, напиша претседателката.
Шефицата на државата смета дека МАНУ, како персонификација на критичкиот и творечки ум, врвно знаење и креативност, заслужува далеку поголема почит, но и неопходна поддршка од барем 1% од БДП, зашто нема подобра и поисплатлива инвестиција од онаа во науката и културата.
„Свесни и загрижени за драматичните промени во меѓународниот поредок, се согласивме дека МАНУ е неодминлив субјект, креатор и партнер во креирањето стратешки пристап во барањето одговор на современите национални, регионални, европски и светски закани, дилеми и предизвици”, објави Сиљановска Давкова по разговорите со врвот на МАНУ.
Tagged as:
Претседателката тврди дека нема подобра инвестиција од онаа во науката
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
